Достапни линкови

Трамп: Не сме известени дека Северна Кореја го откажува самитот


Не сме известени дека Северна Кореја се заканува дека ќе го откаже планираниот самит, изјави претседателот на САД, Доналд Трамп за време на пречекот на узбекистанскиот претседател Шавкат Мирзијаев во Белата куќа.

"Ништо не сме виделе, ништо не сме слушнале. Ќе видиме што ќе се случи", рече Трамп.

Претходно Белата куќа соопшти дека се уште се надева дека планираниот самит меѓу севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун и американскиот претседател Доналд Трамп ќе се одржи и покрај заканата од Пјонгјанг да го откаже историскиот настан.

"Се уште се надеваме дека состанокот ќе се одржи и ќе продолжиме по тој пат. Во исто време ние сме подготвени дека овие може да бидат тешки преговори ", изјави портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, во интервју за Фокс њус.

Сандерс говореше откако Северна Кореја ги прекина разговорите на високо ниво со Јужна Кореја закажани за денеска, а во врска со заедничките воени вежби на САД и Јужна Кореја, по што пак се појавија сомневања дали самитот ќе се одржи на 12 јуни во Сингапур, како што беше планирано.

XS
SM
MD
LG