Достапни линкови

Комисија на Сенатот ја одобри номинацијата на Хаспел за директорка на ЦИА


Комисијата за разузнавање на американскиот Сенат денеска ја одбори номинацијата на Џина Хаспел за нов директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА).

„За“ одобрување на кандидатурата на Хаспел се изјаснија 10 сенатори, осум републиканци и двајца демократи, а „против“ беа пет демократски сенатори. По одобрувањето на номинацијата од страна на Комисијата, се сочекува во текот на следната недела Сенатот да гласа за нејзиниот избор. Хаспел беше изложена на критики, меѓу кои и од страна на влијателните републикански сенатори Ранд Пол и Џон Меккејн, поради нејзината поврзаност со програмите на ЦИА за измачување на лица осомничени за тероризам.

Во текот на минатонеделното сослушување на Хаспел пред Сенатот доминираа прашања во врска со нејзиното учество во програмите за измачување на ЦИА за време на мандатот на поранешниот американски претседател Џорџ Буш. Но, и покрај резервите на некои сенатори кон нејзината кандидатура, сепак се очекува 61- годишната Хаспел да биде избрана за прва жена на чело на ЦИА.

XS
SM
MD
LG