Достапни линкови

Вучиќ: Не добив план за Косово, но има некои индикации


Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Софија изјави дека добил „индикации, начела и принципи“ за решавање на Косово, во кои постојат „пристојни работи", но и решенија со кои тој не се согласува.Тој нагласи дека Србија бара компромисно решение што ќе ги почитува не само интересите на Србите од Косово, туку и интересите на Србија, додавајќи дека за тоа ќе говори на сите состаноци во Софија.

На прашање на новинарите дали го добил планот на САД за Косово, Вучиќ одговори дека „доколку има нешто со што би бил задоволен, да има нешто за што може да се размисли за добивање каква било поддршка во домашната јавност, ќе излезел пред граѓаните со тоа".

Вучиќ истакна дека никој не му се заканува нему и на Србија и оти со американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел секогаш имал коректни разговори. Тој истакна дека Мичел никогаш не му порачал дека ако не го прифати американскиот план, ќе мора да се повлече од власта.

XS
SM
MD
LG