Достапни линкови

Тајани: Стабилноста на Западен Балкан е клучна за ЕУ


Претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани изјави дека за Европската унија клучна е стабилноста на Западен Балкан. Пред состанокот на претставниците на Европските народни партии, кој се одржува пред Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија, Тајани изјави дека е добро што се разговара за ситуацијата на Западен Балкан. Тој нагласи дека мора да се зајакне економската соработка во многу земји од регионот и потсети дека Србија и Црна Гора веќе се кандидати за членство во ЕУ.

XS
SM
MD
LG