Достапни линкови

Захариева со надеж дека две земји од Западен Балкан ќе влезат во ЕУ до 2025


Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева

Шефицата на бугарската дипломатија, Екатарина Захариева денеска изрази надеж дека две земји од Западен Балкан ќе станат членки на Европска унија до 2025 година.

Таа на конференцијата на Европскиот економски и социјален комитет во Софија ја нагласи улогата на граѓанското општество во социјално економскиот развој и поврзувањето со Западен Балкан. Во завршната декларација на конференцијата се наведува дека е во интерес на сите, земјите од Западен Балкан што побрзо да се приклучат кон ЕУ.

XS
SM
MD
LG