Достапни линкови

Германија останува посветена на нуклеарниот договор со Иран


Германската канцеларка Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека откажувањето на нуклеарниот договор меѓу светските сили и Иран ќе биде погрешно. Според неа, повлекувањето на САД од договорот е меѓу неколкуте вознемирувачки вести кои се случиле неодамна.

Меркел пред германскиот Парламент порача дека иако договорот не е идеален сепак не е во ред тој да биде прекинат во сегашната ситуација. Таа истакна дека и покрај несогласувањата меѓу Вашингтон и европските сојузници околу договорот, трансатлантските односи се и ќе бидат од огромно значење.

XS
SM
MD
LG