Достапни линкови

Почна судењето за „Монструм“ откако СЈО го презеде случајот


Судење за преметот „Монструм“ во Кривичниот суд во март годинава

Во Кривичниот суд денеска почна рочиштето за случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското езеро во 2012 година. Судењето почнува од почеток бидејќи предметот го презеде Специјалното јавно обвинителство.

Во судницата присутни се обвинетите Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Фејзи Азири и Сами Љута, како и роднини на убиените деца. На рочиштето не се присутни прво и второобвинетиот Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се недостапни за судот.

Обвинетите беа осудени на доживотен затвор, а Врховниот суд во декември, минатата година ги укина пресудите. На 12 април 2012 година пред празник Велигден беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски и Александар Наќевски, како и рибарот Борче Стефановски.

XS
SM
MD
LG