Достапни линкови

Димитров: Ни треба строг пристап кон ЕУ за да станеме стабилна европска демократија


Министерот за надворешни работи Никола Димитров во Хаг се сретнал со неговиот холандски колега Стеф Блок, кој, како што соопшти македонското МНР, го поздравил периодот на стабилност во Македонија и ја нагласил потребата од постојан напредок.

Димитров, кој од вчера е во посета на Холандија, ги образложил чекорите преземени од Владата на Македонија на внатрешен и надворешен план, како и нивната заемна поврзаност, нагласувајќи дека ЕУ-интеграцијата е најдобрата трансформациска алатка во поддршка на реформскиот процес.

„Целосно го прифаќаме холандскиот строг и фер пристап кон ЕУ интеграцискиот процес. Тоа е формула која на Македонија ѝ е потребна поради трансформација на државата во стабилна европска демократија“, рекол Димитров.

XS
SM
MD
LG