Достапни линкови

Ѓорчев: Не го видов напаѓачот на Села


Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, денеска сведочеше на рочиште за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села од 27 април минатата година, за време на крвавиот четврток во Собранието.

Ѓорчев изјавил дека кога ги видел раскрвавените пратеници решил да застане пред нив и да ги брани, но оти не видел кога бил повреден Села, ниту кој бил напаѓачот. Тој пред Судот додал дека претспоставил оти едно лице кое лежело со лицето на подот може да е Села, но се вратил назад да ги брани пратениците. Според него, еден од обвинетите во случајот, Александар Јаневски Тошта, бил еден од оние кои застанале на вратата од прес-салата за да спречи нови демонстранти да влезат.

„Бев со Никола Тодоров и со медицинска екипа кога отидовме да го видиме села. Му реков Ќе излеземе од овде Зијадин. Го прашав која крвна група е за да биде се спремно за него во болница, едвај ми кажа и јас ја запишав на дуксерот во кој беше преоблечен Села“, рекол Ѓорчев пред Судот.

Сите обвинети за обидот за убиство на Села се изјаснија за невини.

XS
SM
MD
LG