Достапни линкови

Анкара: Израелскиот амбасадор да се замине од Турција на одредено време


Турција денеска побара од израелскиот амбасадор во Анакра, Ејтан Наех да „се врати во Израел на одредено време“, соопшти извор од турското Министерство за надворешни работи, објави МИА.

Ваквото барање на Наех му било пренесоно на средба во Министерството за надворешни работи на Турција, на која му бил врачен и протест поради мерките што ги презедоа израелските безбедносни сили за време на протестите во Појасот Газа, при што беа убиени над 60 Палестинци.

Турција жестоко го осуди насилството во Газа и отворањето на Американската амбасада во Ерусалим и побара одржување итен состанок на Организацијата за исламска соработка (ОИЦ) поради овие настани.

XS
SM
MD
LG