Достапни линкови

Малолетните од семејства корисници на социјална помош нема да плаќаат партиципација за болничко лекување


Владата на денешната седница ја донесе програмата за измени и дополнувања на програмата за обезбедување средства за болничко лекување без наплата на учество (партиципација) која што покрај пензионерите ќе ги опфати и лица до 18-годишна возраст на семејства корисници на социјална парична помош за 2018 година.

Владината прес-служба соопшти дека министрите ги усвоиле конечните извештаи за извршената ревизија на финансиското работење за 2016 година на јавната здравствена установа Институт за јавно здравје и Институт за медицина на трудот.

XS
SM
MD
LG