Достапни линкови

Во Владата влегуваат Беса на Гаши, ДПА и Сојузот на Ромите


Влада на Република Македонија

Премиерот Зоран Заев по денешното судење за „Поткуп“ изјави дека нови коалициски партнери во Владата ќе бидат БЕСА на Африм Гаши, ДПА и Сојузот на Ромите на Амди Бајрам. Според Заев, партијата на Бајрам нема да добие министерски места, туку други позиции.

Тој порача дека продолжуваат разговорите и со други субјекти. Заев истакна и дека за имињата одлучуваат партиите, а до крајот на неделата ќе ги формализира и ќе ги достави предлозите до Собранието. При крајот на мај, како што наведе, со новиот владин состав ќе разговараат за подолните ешалони.

XS
SM
MD
LG