Достапни линкови

На Заев ќе му се суди за барање поткуп, не важат ПИ-мерките


Премиерот Зоран Заев пред Основен суд Скопје 1, на едно од судењата за случајот „Поткуп“

На премиерот Зоран Заев кој е обвинет во случајот „Поткуп’ ќе му се суди за барање, а не примање на мито откако обвинителството побара преквалификација на делото. Судијата Дарко Тодоровски посочи и дека нема да важат ни доказите прибавени со ПИ-мерки.

Според него за новото дело за кое е предвидена казна затвор од 1 до 5 години, законот не предвидува следење со примена на ПИ-мерки. Пресудата ќе ја донесе Тодоровски, кој ги ослободил останатите судии поротници поради преквалификацијата на делото.

Адвокатот на Заев, Филип Медарски во завршните зборови побара ослободителна пресуда, бидејќи неговиот клиент бил наместен од обвинителството и полицијата со агент провокатор.Пресудата за случајот ќе биде соопштена в понеделник.

XS
SM
MD
LG