Достапни линкови

Зариф имал конструктивна средба со Могерини за нуклеарниот договор


Иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Џавад Зариф

Иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Џавад Зариф ја нарече многу добра и конструктивна денешната средба во Брисел со шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини.

Брисел е последната точка од турнејата на Зариф која има за цел зачувување на меѓународниот нуклеарен договор постигнат во 2015 година меѓу Техеран и светските сили по повлекувањето на САД од него.

Неговата средба со Могерини е подготовка за поголемата дискусија која ќе се одвива вечер и на која ќе присуствуваат и министрите за надворешни работи на Германија, Франција и Британија, чии земји се потписнички на договорот.

XS
SM
MD
LG