Достапни линкови

Катемерини: Заев и Ципрас ќе разговараат за меѓународен договор за името


Премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас на Светскиот економски форум во Давос во март, годинава

Грчкиот весник „Катимерини“ јавува дека врз основа на три различни текстови, два од министрите за надворешни работи, и еден од медијаторот, Скопје и Атина продолжуваат да бараат решение за името. Според весникот, ниту еден од текстовите не е конечен и дефинитивен, а главната разлика во разговорите и понатаму е ерга омнес.

„Според информациите, врз база на подготовката што беше направена, основно сценарио за разговорите на двајцата лидери ќе биде она на склучување еден меѓународен договор, што ќе треба да биде одобрен од парламентите на двете земји. Во овој текст, според информациите, ќе постои условеност, интеграцијата на ПЈРМ во НАТО да „се отклучи“ кога ќе се направи ревизија на Уставот на соседната земја и на овој начин ќе се гарантира ерга омнес. Постои сериозна веројатност двајцата премиери да се сретнат два пати, во среда вечер и во четврток наутро“, објави „Катмерини“.

XS
SM
MD
LG