Достапни линкови

Потегот со амбасадата во Ерусалим ги изолира САД


Пенс: Трамп направи историја во Ерусалим
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:28 0:00

Пенс: Трамп направи историја во Ерусалим

Претседателот Доналд Трамп и неговите соработници го поздравија отворањето на новата американска амбасада во Ерусалим како „голем ден“, став што го разлути арапскиот свет и поттикна смртоносни протести долж израелско-палестинската граница.

Потпретседателот на Соединетите држави Мајк Пенс го нарече Трамп „најголем бранител што некогаш го имала еврејската држава“, додавајќи дека „претседателот Трамп направил историјата“.

Пенс на прославата на израелскиот ден на независноста во Вашингтон на денот на отворањето на американската амбасада во Ерусалим, рече:

„Соединетите држави беа горди што беа првата нација во светот која ја призна државата Израел пред седум децении. Исто како што претседателот Труман ја направи историјата тогаш, претседателот Трамп ја направи историјата сега“.

Од друга страна, овој потег предизвика голем бес и осуда во светот, но и немири и крвопролевање на Блсикиот исток.

Калед Елгинди, научник во Центарот за политика за Блискиот Исток во Институтот Брукингс и поранешен советник на палестинското раководство оценува дека сега е многу тешко да се подгрејат дури и надежите за заживување на мировниот процес предводен од Америка.

„Најавата за Ерусалим навистина го извлече килимот од под палестинското раководство и многу е тешко да се види како кое било палестинско раководство ќе може да оди напред во процес спонзориран од САД, кога во суштина САД му ја дадоа на Израел, најпосакувата награда од се во мировниот процес, а тоа е Ерусалим“.

Според него, потегот со амбасадата дојде само неколку дена откако Вашингтон објави дека се повлекува од иранскиот нуклеарен договор.

Тоа, како што вели, покажува дека Соединетите држави се се повеќе изолирани од своите силни сојузници.

„Мислам дека тоа не е навистина најдобар начин да ги унапредуваме американските интереси со тоа што ја игнорираме загриженоста на нашите сојузници. Значи, ако САД сакаат да одат сами во овие многу важни и спорни прашања, мислам дека ќе се најдат се повеќе и повеќе изолирани“.

Елгинди додава дека тоа всушност се вклопува во приказната дека Соединетите држави ја намалуваат својата улога и се маргинализираат, наместо да водат во светот како што беше досега

XS
SM
MD
LG