Достапни линкови

Нафтата поскапе по извештајот на ОПЕК


Организацијата на земјите извознички на нафта, ОПЕК

Цената на нафтата порасна по објавувањето на месечниот извештај на Организацијата на земјите извознички на нафта, ОПЕК, а пазарот е натаму е насочен кон последиците од одлуката на САД дека се повлекува од иранската нуклеарна спогодба. Барел нафта од Северното море за испорака во јули вчера порасна на над 78 долари, што е најмногу од крајот на 2014 година. Во извештајот на ОПЕК се наведува дека овој картел испумпал помалку сурова нафта од дозволеното со спогодбата за ограничување на производството потпишана кон крајот на 2016 година. Погодена со сериозни политички немири производството во Венецуела опадна, додека се зголеми во Саудиска Арабија, Алжир и Иран.

XS
SM
MD
LG