Достапни линкови

Хрватската министерка за економија поднесе оставка


Хрватската министерка за економија Мартина Далиќ

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска соопшти дека вицепремиерката и министерка за економија Мартина Далиќ поднела оставка, а тој ја прифатил.

Коалициските партнери на ХДЗ во петокот одржаа состанок со премиерот Пленковиќ, на кој била побарана оставка на министерката Мартина Далиќ, откако во јавноста беа објавени мејловите, во кои таа разменувала доверливи информации со сопствениците на брокерски куќи, адвокати и консултанти што биле ангажирани на изработка на посебниот закон за санација на „Агрокор“

XS
SM
MD
LG