Достапни линкови

Завршни зборови за „Тенк“ на 17 мај


Поранешниот премиер Никола Груевски на судење за случајот „Тенк“. Суд.

Предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство ќе продолжи на 17 мај со завршни зборови на одбраната и на СЈО. Во „Тенк“ се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот помошник министер Ѓоко Поповски, како и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Денеска во текот на расправата судечкиот совет ги прифати новите докази на СЈО, меѓу кои е и доказот добиен со замолница за меѓународна правна помош, доказ кој се однесува на електронска комуникација меѓу компанијата „Дајмлер бенз“ и „Мак Ауто Стар“. Содржината на новите докази не беше презентирана.

Поранешниот премиер Груевски пред Судот обвини дека имало договор меѓу премиерот Зоран Заев и судијката Добрила Кацарска која го води предметот за набавка на луксузниот мерцедес.

„Заев пред извесно време порача дека наскоро доаѓа пресудата за „Тенк“, со што ќе се видело дека нема договор меѓу Заев и Груевски и дека имало правда. Со ова, тој имплицинтно, меѓу редови ги потврди гласините дека тој со судот веќе договорил каква да биде пресудата. Овие гласини стануваат се пореални, дека како што пишуваа порталите и медиумите за направен договор со главниот судија на процесот – госпоѓата Добрила Кацарска, тој да и овозможи да напредува во судија на Апелациониот суд и веднаш потоа во претседател, а дека за возврат ќе добие да биде ослободен и прогласен за невин во „Поткуп“. И уште една работа јас да бидам прогласен за виновен во овој случај“ – рече Груевски.

Предметот "Тенк" се однесува на набавката на луксузниот „мерцедес“ од 600 илјади евра.

XS
SM
MD
LG