Достапни линкови

Новинарот Латас ги доби транскриптите од „бомбите“ за „Тотал“


Судењето за предметот „Тотал“, Уредникот на Сител Драган Павловиќ Латас

Во Кривичниот суд по неколку одложувања почна судењето за предметот „Тотал“ на СЈО во кој обвинет е новинарот Драган Павловиќ-Латас.

Одбраната на Латас побара да ги добие транскриптите од 14 прислушувани разговори кои СЈО ги предлага како доказ во постапката, за да се подготват за главната расправа.

Судијката Славица Наумова го прифати барањето на одбраната и му ги даде на обвинетиот транскриптите од разговорите.

Следното рочиште ќе биде одржано на 30 мај.

Драган Павловиќ-Латас е обвинет дека давал лажни податоци во завршните сметки и даночните пријави при што преку правни лица " затаил данок во износ од 121.414 евра, а лично како физичко лице затаил 63.032 евра.

Претходните три рочишта за овој случај не се одржаа, бидеќи не присуствуваше Павловиќ-Латас поради здравствени и семејни причини

XS
SM
MD
LG