Достапни линкови

Заев стои на располагање за лидерска средба


Премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев изјави денеска дека стои на располагање за лидерска средба. Тој одговарајќи на новинарско прашање истакна и дека за одржување на лидерска средба треба сите учесници да бидат во земјата, а претседателот Ѓорѓе Иванов е во посета на Турција, додека министерот за надворешни работи Никола Димитров е во Хаг.

Заев посочи и дека е подготвен денеска да одржи состанок со лидерот на опозицијата, доколку тој заклучи дека тоа е потребно. Претстојната средба со грчкиот премиер Алекис Ципрас, како што наведе, не е датум за конечен договор, туку ќе се одвива на маргините на самитот во Софија и целта е да се направи рекапитулар на тоа што досега е разговарано и истовремено да се дадат насоки за понатаму.

Заев порача и дека би сакал до крајот на јуни кога се носат одлуките за добивање датум за преговори со ЕУ да има некое решение за името или ако има приближување на она што е останато, во Грција и Македонија ќе мора да направат внатрешен процес на консултации.

XS
SM
MD
LG