Достапни линкови

Шефот на МИ5 ја обвини Русија за ширење дезинформации и лаги


Шефот на британската разузнавачка агенција МИ5, Ендру Паркер

Шефот на британската разузнавачка агенција МИ5, Ендру Паркер денеска ја обвини Русија дека се обидува ги поткопа западните демократии со ширење на дезинформации и лаги. Во неговото прво обраќање во Берлин како шеф на агенцијата, тој порача дека Британија не сака ескалација на односите со Русија, но како што наведе, не се прифатливи неодамнешните агресивни и штетни дејствија на земјата.

Според него, наместо Русија да стане почитувана голема нација ризикува да биде изолирана. Паркер посочи дека соработката со партнерите од ЕУ е есенцијална во одбраната од заканите кои доаѓаат од исламските милитанти и од Русија.

XS
SM
MD
LG