Достапни линкови

Нова рунда преговори за Сирија


Специјалниот претставник на ОН за Сирија, Стафан ди Мистура

Деветтата рунда на мировните преговори за Сирија под покровителство на Иран, Русија и Турција започна денеска во главниот град на Казахстан, Астана. Според властите, специјалниот претставник на ОН за Сирија, Стафан ди Мистура се очекува денеска подоцна да им се придружи на преговорите, а делегацијата на сириската вооружена опозиција треба утре да пристигне во земјата. На преговорите нема да учествува делегација на САД, иако во минатото тие беа присутни.

XS
SM
MD
LG