Достапни линкови

Во Грузија протести поради полициска акција во ноќни клубови


Тбилиси

Грузискиот премиер Гиорги Квирикашвили во телевиско обраќање ги повика учесниците на протестите во Тбилиси мирно да демонстрираат. „Секакви судири во земјата и поделби на општеството се неприфатливи за грузиските власти и грузискиот народ“, изјави тој во обраќањето, наведувајќи дека властите имаат строга позиција спрема дилерите на дрога. Стотици луѓе излегоа на улиците на Тбилиси да протестираат откако полицијата влегла во два популарни ноќни клуба во Тбилиси, налутени поради, како што велат, прекумерната употреба на сила од страна на полицајците.

XS
SM
MD
LG