Достапни линкови

Конгрес на ДУИ во јуни


Демократската унија за интеграција во јуни ќе го одржи партискиот конгрес, најавил лидерот на партијата Али Ахмети на партиски состанок, каде што биле донесени заклучоци за спроведувањето на програмата од страна на извршната власт, се вели во денешното соопштение од партијата.

“Беа дискутирани и политичките прашања, вклучувајќи го проблемот со името, односите со соседите, интеграцијата во НАТО, системските реформи, извештајот за напредокот на Европската комисија, преговорите со Европската унија, проширувањето на парламентарното мнозинство, јазичната еднаквост. По завршувањето на првата фаза, која го означува заокружувањето на тематската активност на ДУИ како политички субјект по усвојувањето на нормативниот дел од Охридскиот договор, претседателот Ахмети го најави состанокот на Централниот Cовет како највисоко тело меѓу двата конгреси, за месец јуни оваа година,” пишува меѓу другото во партиското соопштение.

XS
SM
MD
LG