Достапни линкови

Иранскиот суд осуди осум лица на смртна казна


Ирански суд осуди осум лица на смртна казна поради поврзаност со минатогодишни напади на екстремистичката организација Исламска држава (ИД). Лицата се прогласени за виновни за помагање на петмина екстремисти на ИД кои го нападнаа парламентот и храмот на иранскиот лидер ајатолахот Рухола Хомеини. Во тие напади во јуни, минатата година, се убиени 18 лица, а над 50 се повредени. Како што јави МИА, во нападите иранските безбедносни сили ги убија напаѓачите.

XS
SM
MD
LG