Достапни линкови

Грчки медиуми: Решението во рацете на Заев и Ципрас


Изјавата на медијаторот Метју Нимиц по вчерашната шестчасовна средба со шефовите на македонската и грчката дипломатија, ја пренесуваат медиумите во Грција, со коментар дека топката и решението сега се во рацете на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас. Како што јавува допиничката на МИА од Атина, скоро сите медиуми објавуваат слични наслови кои ја посочуваат следната средба на двајцата премиери како клучна во решавање на долгогодишниот спор.

„Средба Ципрас - Заев: Нов прозорец за решение“; „Скопското прашање: Палката во рацете на премиерите“;„Во рацете на Заев и Ципрас палката за скопското прашање“; „Сунио ги обнови амбициите за решение на скопското прашање“ се дел од насловите во медиумите во Грција за вчерашната средба на Димитров - Коѕијас – Нимиц.

Разликата и понатаму е за ерга омнес, додека пак во изминатите часови се чини дека на преговарачката маса се наоѓа конечниот предлог на Скопје, напиша доцна синоќа грчкиот информативен портал Ин, пренесувајќи ги информациите објавени во весникот „Та неа“, односно сценариото за решение со период од две години за имплементација. Ова сценарио го пренесоа и други грчки електронски медиуми, како наводен предлог од македонска страна.

Грчките медиуми потсетуваат дека средбата на Заев и Ципрас на маргините на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Софија ќе биде втора по ред, по разговорите во јануари во Давос.

XS
SM
MD
LG