Достапни линкови

Ирак: Релативно мирни избори со слаб одзив


Ирачаните чекаат официјални резултати од националните избори, кои беа релативно мирни, но со низок одѕив и кои може да бидат одлучувачки за тоа дали земјата ќе ги продолжи своите блиски врски со Западот или ќе се сврти кон Иран. Изборната комисија на земјата на 12 мај излезе со податок за излезноста, 44,5 отсто што е далеку под 60 проценти забележани на претходните избори, а најниска од инвазијата на Ирак во 2003 година во САД. Околу 22,5 милиони луѓе имаа право да гласаат. Властите не пријавија поголеми инциденти во безбедноста, но тензиите се забележани во провинцијата Киркук, каде што гувернерот побара рачно пребројување на електронски гласови и прогласи полициски час за спречување на етнички или секташки судири меѓу курдските, арапските и туркменските заедници.

Овие се првите парламентарни избори откако Багдад прогласи победа над милитантите на Исламската држава и ја избркаа екстремистичката група од ирачката територија минатата година. Официјалните резултати се очекува да бидат објавени на 14 мај, а премиерот на земјата ќе биде избран преку преговори за формирање владејачка коалиција, која може да трае со месеци.

XS
SM
MD
LG