Достапни линкови

Полицијата го идентификуваше напаѓачот во Париз


Француски судски извори соопштија дека осомничениот застрелан од полицијата за време на смртоносниот напад со нож во Париз синоќа бил роден во Чеченија. Според истите извори и таткото и мајката на осомничениот напаѓач се притворени на сослушување. Властите отворија истрага за нападот со нож во центарот на Париз, во кој загина едно лице, а беа ранети уште четири други лица. Исламската држава вчера потврди дека осомничениот бил еден од нивните "војници".

Француските власти соопштија дека нападот се случил во област на десниот брег на француската престолнина. Полицијата соопшти дека двајца биле "сериозно повредени", додека други две лица помалку повредени. По нападот, францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција уште еднаш ја плаќа цената на крвта и дека земјата нема да се откаже од "непријателите на слободата". Парискиот обвинител Франсоа Молинс изјави дека сведоците пријавиле дека осомничениот извикувал "Алаху Акбар" или "Бог е најголем" на арапски јазик. Француски градови беа нападнати во последниве години од серија терористички напади, од масовни убиства до помали, но и смртоносни напади.

XS
SM
MD
LG