Достапни линкови

Шефот на иранската дипломатија на турнеја за спас на договорот


Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф почна турнеја со цел да го спаси нуклеарниот договор и да ги заштити економските интереси на земјата по повлекувањето на САД од историскиот договор. Неговата дипломатска обиколка започнува од Пекинг, а потоа заминува во Москва и Брисел. Во главниот град на Белгија тој ќе се сретне со своите колеги од Франција, Германија и Велика Британија. Зариф ја почнува посетата два дена по израелските напади врз Сирија, во кои загинаа најмалку 11 ирански борци. Според Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, нападот може да предизвика опасност од уште поголем конфликт меѓу двете земји, кои се најголеми непријатели. Иран сепак е одлучен да не се вовлекува во отворен конфликт со Израел, кој би можел да ги оддалечи од неговите европски партнери. Шефот на иранската дипломатија ќе разговара со претставници на сите земји, кои остануваат дел од нуклеарниот договор како и со високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини.

XS
SM
MD
LG