Достапни линкови

Најмалку 42 лица загинале во израелските напади во Сирија


Најмалку 42 лица загинале неделава во израелските напади врз воените позиции во Сирија, соопштуваа активисти за човекови права. Опозициската опсерваторија за човекови права соопшти дека бројот на жртви од нападите пораснал на 42, вклучувајќи најмалку 11 Иранци и 6 сирсики војници. Во нападите во среда во близина на сириската престолнина убиени се најмалку 15 лица, вклучувајќи осум Иранци. Сирија го обвинува Израел дека во средата извршил воздушни напади во околината на Дамаск. Израел тврди дека нападите се одговор на ракетниот напад на Иран на Голанските височини.

XS
SM
MD
LG