Достапни линкови

Поранешниот малезиски премиер не смее да ја напушти земјата


Malaysia's outgoing Prime Minister Najib Razak

На поранешниот премиер на Малезија, Наџиб Разак чија коалиција претрпе пораз на шок на изборите претходно оваа недела и е осомничена за скандал со повеќе милијарди долари, му е забрането од властите да ја напушти земјата. Како што јавуваат агенциите, многумина се собрале на аеродромот во Куала Лумпур, откако се појавиле информации дека Наџаб Разак и неговата сопруга планираа да заминат во Индонезија. Неговата коалиција доживеа шокантен изборен пораз оваа недела,со што го заврши своето 60-годишно владеење.

Подоцна, Разак објави дека се повлекува од функцијата шеф на неговата политичка партија, Националната манифестација Малезија, како и коалицијата на Националниот фронт. Најавата следеше по силни повици од партијата за негово повлекување. Националниот фронт, кој владееше со Малезија, ја изгуби власта од четирипартитниот сојуз на Махатир Мохамад.

Махатир владееше со Малезија со железна тупаница од 1981 до 2003 година, а сега, на возраст од 92 години, стана најстариот избран лидер во светот.

XS
SM
MD
LG