Достапни линкови

Главниот инспектор на МААЕ поднесе оставка


Главниот инспектор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Теро Вароранта ненадејно поднесе оставка, без да наведе причина за таквата одлука, соопшти организацијата. Оставката на Вароранта се случува само неколку денови откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Држави се повлекуваат од договорот за иранската нуклеарна програма во 2015 година. Во функција на заменик генерален директор на МААЕ и главен инспектор, Вароранта беше одговорен за следењето дали Иран го почитува нуклеарниот договор.Од Агенцијата соопштија дека тој ќе биде заменет од нуклеарниот инженер Масимо Апаро, кој е вршител на должност шеф на управата за проверки на Иран од март 2016 година.

Според генералниот директор на МААЕ, Јукија Амано „Иран се соочува со најстрогиот режим на нуклеарни инспекции во светот и од денешна гледна точка, МААЕ може да потврди дека Иран ги исполнува обврските во однос на нуклеарните прашања“.

XS
SM
MD
LG