Достапни линкови

Каталонскиот парламент избира нов претседател на Каталонија


Каталонскиот Парламент денеска ќе гласа за избор на Жоаким „Ким“ Тора за нов претседател на регионалната Влада на Каталонија. Претседателот на Парламентот, Роже Торент вчера официјално го номинира Тора за функцијата, по консултациите со сите парламентарни партии и ја закажа седницата за денеска на пладне. Тора, кој важи за приврзаник на тврдокорното крило на каталонските сепаратисти, на седницата ќе ја презентира програмата на наговата влада, по што пратениците ќе треба да гласаат за негов избор на функцијата. Меѓутоа, Тора најверојатно денеска нема да биде избран за претседател на регионалната Влада, затоа што двете сепаратистички партии кои постигнаа договор за формирање на новата влада - Заедно за Каталонија на Карлес Пуџдемон и Републиканската левица на Каталонија (ЕРЦ), немаат апсолутно мнозинство во Парламентот.

XS
SM
MD
LG