Достапни линкови

Димитров: Процесот за името во најделикатна фаза


Macedonia-Meeting of the foreign ministers of Macedonia and Greece in Vienna about name issue

Факт е дека сме во најделикатната и последната фаза во процесот за решавање на спорот за името, факт е дека има многу прашања за кои има разбирање, тоа разбирање е врзано со крај, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров во однос на средбата со неговиот грчки колега Коѕијас и медијаторот Нимиц, закажана за утре во Сунио.

„Значи, тоа што е договорено, не е договорено, ако не е договорено сѐ и факт е дека утрешниот ден е многу важен, неколку дена е пред самитот во Софија и наша должност е да најдеме едно решение што е можно повеќе ќе ги покрива потребите на двете страни, за да им овозможиме на премиерите прво да се сретнат, и после тоа да си подадат рака, ама мора да понудиме некакви опции, таа ни е задачата утре, рече шефот на македонската дипломатија.

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас изјави дека од моментот кога ќе се договорат двете страни и ќе постои правна ратификација на договорот, патот за да се отворат преговори со Европската унија ќе биде отворен.

„Утре во 10.30 ќе имаме нов круг преговори, доаѓа и Нимиц. Претходните преговори се одржаа во Солун, без негово присуство. Мислам дека ако и двете страни длабоко од срце сакаме да завршиме со проблемот што не би требало да е нерешен. Како што велам со Никола, како министри повикани сме да решиме проблем што не го создадовме“, рече Коѕијас.

XS
SM
MD
LG