Достапни линкови

Утре средба Димитров, Коѕијас и Нимиц во Сунио, Грција


Архива: Министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас на средба во Солун.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров утре во 10 и 30 часот ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас и медијаторот на ОН Метју Нимиц во местото Сунио во близина на Атина, потврдуваат од македонското Министерство за надворешни работи.

Министрите за надворешни работи на балканските земји членки на ЕУ, на државите кандидати за членство, како и на земјите од Вишеградската четворка, учествуваат на конференцијата за иднината на Европа, што претпладнево започна во Сунио, во близина на Атина.

XS
SM
MD
LG