Достапни линкови

Американски генерал ги повика талибанците на преговори


Американскиот генерал Џозеф Вотел

Лидерот на американската Централна команда, генералот Џозеф Вотел изјави дека талибанците во Авганистан не можат да победат по воен пат и покрај серијата нивни напади во изминатиот период.

Тој за време на посетата на Таџикистан истакна и дека меѓународната коалиција предводена од САД е фокусирана на обезбедување воен притисок заедно со социјалниот и дипломатски притисок, преку кој талибанците ќе бидат принудени да седнат на маса. Вотел исто така ги повика талибанците да ја искористат предноста на великодушната понуда изнесена од страна на авганистанскиот претседател Ашраф Гани.

XS
SM
MD
LG