Достапни линкови

Шаќири се откажа од функцијата советник на Заев


Премиерот Зоран Заев

Џезаир Шаќири, алијас „командант Хоџа“ денеска изјави дека ја напушта функцијата, надворешен соработник на премиерот Зоран Заев за борба против радикализмот. Причината за неговата одлука, како што наведува во изјава за МИА,е фактот што медиумите во Македонија кренале преголема врева.

„Единствениот политичар во Македонија што ми укажал некаква шанса е премиерот Зоран Заев и тој единствено ја има мојата почит. Не сакам заради ова Македонија да трпи на својот пат за ЕУ и НАТО. Ако мислеа дека ми е до тие пари, се лажат. Еве им ги назад, не ми се потребни“, истакнува Шакири за МИА.

XS
SM
MD
LG