Достапни линкови

САД: мора да продолжи инспекцијата на иранските нуклеарни постројки


претседателот на САД Доналд Трамп со потпишан указ за повлекување на САД од иранската нуклеарна спогодба, Вашингтон, 08.05.2018.

Белата куќа сака да биде продолжена инспекцијата на иранските нуклеарни постројки и покрај повлекувањето на САД од меѓународната спогодба со Иран. Според Вашингтон, тоа е предвидено со дополнителниот протокол на меѓународнуиот договор за неширење на нуклеарното оружје. Шестте големи сили, САД, Русија, Кина, Британија, Франција и Германија во 2015 година постигнаа спогодба со Иран кој се согласи да ја ограничи нуклеарната програма во замена за укинување на санкциите. Претседателот на САД Доналд Трамп во вторникот објави дека Вашингтон се повлекува од таа спогодба и воведе санкции врз Техеран.

XS
SM
MD
LG