Достапни линкови

Дописничка на РСЕ од Туркменистан приведена и брутализирана


Допсиничката на Радио Слободна Европа од Туркменистан Солтан Ахилова

Дописничката на Радио Слободна Европа од Туркменистан Солтан Ахилова повторно била приведена од безбедносните сили на таа земја. Инцидентот се случил на 9 мај кога 68- годишната Ахилова ја сликала церемонијата на положување венец на Вечниот пламен во близина на Меморијалниот центар на жртвите од Втората светска војна. Таа притоа била запрена од неколку лица по што била приведена и било барано од неа да ги избрише снимките. Откако одбила, насилно и бил земен фотоапаратот и избришани сликите. По два часа во притвор таа била ослободена.

XS
SM
MD
LG