Достапни линкови

Невреме во Преспа, големи штети кај јаболката


Јаболка во регионот на Преспа

Преспанскиот регион, градот Ресен и околината попладнево беа зафатени од силно невреме проследено со обилен дожд и град. Од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кусо инфомираат дека градот предизвикал големи штети врз насадите со јаболка, а допрва ќе се проценуваат и штетите врз други земјоделски култури.

Во наредните денови екипи ќе вршат проценка на штетите од невремето кое попладнево го зафати преспанскиот регион.

XS
SM
MD
LG