Достапни линкови

Орбан реизбран за премиер на Унгарија


Виктор Орбан

Новиот состав на унгарскиот парламент денеска го реизбра лидерот на партијата ФИДЕС, Виктор Орбан за премиер. Шефот на државата Јанош Адер пред два дена на конститутивната седница им препорача на пратениците повторно да го изберат Орбан, кој во третиот мандат планира да спроведе уставни измени.

ФИДЕС на изборите од минатиот месец освои 133 од 199 места во парламентот, што му овозможува на Орбан да изврши промени во Уставот. За време на седницата пред парламентот се одржуваше протест против владеењето на Орбан, кое демонстрантите го нарекуваа авторитарно.

XS
SM
MD
LG