Достапни линкови

Невреме во Солун, улиците како реки


Солун, архивска фотографија

Силна бура со грмотевици, проследена со град, го погоди попладнево Солун, при што градската противпожарна спасувачка служба примила повеќе од 300 повици за помош. Спасена е една жена, која била однесена од порој, а продолжува и спасувањето на лица, кои поради високото ниво на водата останале заглавени во своите автомобили на еден мост. Многу продавници и куќи, како и Градското собрание, се поплавени по обилниот дожд, кој улиците ги претвори во реки. Во некои делови на градот нема електрична енергија, а поради гром, кој удри на меѓународниот аеродром во Солун, од претпазливост накратко беше прекинато дополнувањето на авионите со гориво.

XS
SM
MD
LG