Достапни линкови

Трамп и Ким ќе се сретнат на 12 јуни во Сингапур


Ким Јонг Ун и Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека ќе се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун идниот месец во Сингапур. „ Долго очекуваниот состанок меѓу Ким Јонг Ун и мене ќе се одржи во Сингапур на 12 јуни. И двајцата ќе се обидеме да го направиме тоа многу посебен момент за Светскиот мир“, напиша Трамп на Твитер.

Најавата доаѓа неколку часа откако тој ги пречека тројцата американски државјани ослободени од Северна Кореја. Трамп му се заблагодари на Ким за нивното ослободување, додавајќи дека верува оти севернокорејскиот лидер сака да постигне договор за денуклеаризација на корејскиот полуостров.

XS
SM
MD
LG