Достапни линкови

Трамп ги пречека ослободените затвореници од Северна Кореја


Американскиот претседател Доналд Трамп со олободените Американци од Северна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп им посака добредојде на тројца американски државјани кои беа затворени во Северна Кореја. Трамп му се заблагодари на лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун за нивното ослободување.

Тој притоа порача дека верува оти Ким Џонг Ун сака да постигне договор за денуклеаризација на Корејскиот полуостров. Американскиот државен секретар Мајк Помпео го обезбеди ослободувањето на американските државјани за време на вчерашната посета на Пјонгјанг каде се договараа крајните планови за самитот на Трамп и Ким Џонг Ун.

XS
SM
MD
LG