Достапни линкови

Рот: Прашањето за името да се реши годинава, има волја од двете страни


Државниот министер за европски прашања во германското МНР, Михаел Рот

Државниот министер за европски прашања во германското МНР, Михаел Рот на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев во Владата изјави дека прашањето за името треба да се реши во оваа година или статус кво ситуацијата ќе продолжи со години. Според него, има волја од двете страни и може да се стигне до заеднички прифатлив компромис. Тој порача дека потребни се конструктивност, креативност и флексибилност.

„Македонската Влада е позитивна и креативна, а таква е и Владата во Атина, и затоа гледам светлина на крајот на еден долг тунел“, рече Рот.

Тој порача дека не треба да се поставуваат црвени линии, а неопходно е да има и дијалог меѓу власта и опозицијата. Рот го поздрави и напредокот што го постигнала Македонија во реформите и приближувањето кон ЕУ.

XS
SM
MD
LG