Достапни линкови

Денеска средба Папандреу-Димитров во Сунио


Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров денеска во Сунио, како што јавува МИА, ќе се сретне со поранешниот грчки премиер, а сега лидер на Сегрчкото движење на демократските социјалисти и на социјалистичката интернационала Јоргос Папандреу. Тој разговараше со грчкиот премиер Алексис Ципрас, а потоа се сретна и со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас. „За земјата да оди напред потребни се национален консензус и компромис. И сите имаме должност да му служиме на тоа“, рече Папандреу по средбата со Ципрас и додаде дека надворешната политика, особено во критични моменти за Грција бара одговорност и чисти гласови.

XS
SM
MD
LG