Достапни линкови

Грција- усвоен Закон со кој на хомосексуалните двојки им се дозволува да чуваат деца


Архивска фотографија- парламентот на Грција

Грчкиот парламент денеска го изгласа Законот, со кој на хомосексуалните двојки им се дозволува да чуваат деца. Законот беше донесен и покрај спротивставувањето на десницата. Текстот беше изгласан со гласовите на 161 пратеници, а 103 гласаа против.

Во салата присуствуваа 264 пратеници од вкупно 300-те во Парламентот, откако неонацистичката партија Златна зора побара поединечно гласање за Законот. Легислативата беше усвоена со помош на гласовите на владејачката СИРИЗА и левичарската опозиција. Конзервативната Нова демократија се спротивстави на оваа реформа.


XS
SM
MD
LG