Достапни линкови

Димитров ќе се сретне со Папандреу во Сунио


Архивска фотографија- министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров утре во Сунио ќе се сретне со поранешниот грчки премиер, а сега лидер на Сегрчкото движење на демократските социјалисти и на социјалистичката интернационала Јоргос Папандреу. Информацијата за дописничката на МИА од Атина ја потврдил самиот Папандреу по средбата со грчкиот премиер, Алексис Ципрас.

Поранешниот премиер за надворешната политика разговараше со Алексис Ципрас, а потоа замина на средба со Никос Коѕијас.

"За земјата да оди напред потребна е национален консензус и компромис. И сите имаме должност да му служиме на тоа", рече Папандреу по средбата со Ципрас и додаде дека надворешната политика, особено во критични моменти за Грција бара одговорност и чисти гласови.

XS
SM
MD
LG