Достапни линкови

Пашинијан побара лидерите на Нагорно Карабах да се вклучат во разговорите меѓу Ереван и Баку


Нагорно Карабах- Премиерот на Ерменија Никол Пашинијан во посета на областа, 09.05.2018

Ерменскиот премиер Никол Пашинијан, еден ден по неговиот избор на функцијата при посетата на Нагорно Карабах, регион во Азербејџан кој е под контрола на етничките ерменски сили, побара тамошните власти да бидат дел од разговорите што се одвиваат со посредство на меѓународната заедница за да се надмине долгогодишниот спор меѓу Ереван и Баку.

Ерменските лидери традиционално го посетуваат регионот на 9 мај, по повод одбележувањето на поразот врз нацистичка Германија во Втората Светска Војна, кој го слават многу поранешни советски земји.

Двете земји не се во добри односи, а сепаратистите поддржани од Ерменија ја преземаа контролата врз регионот за време на војната во раните деведесетти години.

XS
SM
MD
LG